Емоционална интелигенција – Позитивни емоции

1-emocionalna-inteligencija-pozitivni-emocii-1000x600

Не доаѓаме на овој свет со пакет полн со развиени емоции. Ние ги развиваме емоциите со текот на времето заедно со нашето животно искуство.

Општеството ги култивира луѓето и нивните емоции преку процес на доживотно учење кој започнува во семејството. Ги моделира нивните вредности, верувања и ставови кои им даваат содржина и облик на нивните емоции, учејќи ги на разни обрасци за да ги контролираат и, според тоа, да бидат културолошки прифатливи.

Сепак, ние делумно сами ги создаваме исто како што самите донесуваме одлуки, како што ги избираме и како што ги формираме нашите ставови. Оттука, нашиот емотивен одговор е манифестација за тоа како сме обликувани одвнатре и однадвор.

Што ги обликува емоциите

Постојат многу индивидуални фактори што ги обликуваат нашите емоции како што се нашите гени, физиологијата на мозокот, воспитувањето, научените и имитирани (копирани) модели на однесување и слично. Тие нѐ прават емоционално богати и сложени. Но, најважно од се е дека емоциите се создаваат.

Емоциите можат да се развиваат. Можат да се научат. Емоциите можат да се менуваат и подобруваат кај секого и на сите нивоа во организациската хиерархија.

Врвна тренинг методологија

Нашата тренинг методологија е единствена од овој вид на домашниот пазар. Место да платите најмалку десетина пати поскапо за ваков тип обука во странство, со нас ја добивате по домашни цени.

Лошите емоции влијаат лошо

Лошите емоции во работното окружување влијаат лошо на продуктивноста и резултатите. Создаваат стрес и ги дефокусираат вработените. Научниците велат дека стресот негативно влијае врз клучните умствени процеси што луѓето ги користат во работата: внимание, паметење, разбирање. Кога стресот е секојдневие на работното место и кога трае долго, може да биде токсичен за човековиот мозок и да создава лошо однесување. Затоа е важно да се поттикнуваат и создаваат позитивни емоции во работната средина.

Да се разберат емоциите

Зигмунд Фројд рекол: “Цивилизацијата започна кога за првпат налутен човек фрли збор место камен.” Култвираните интеракции помеѓу луѓето во организациите создаваат позитивен амбиент за работа, ги мотивираат луѓето и ги охрабруваат да создаваат резултати. Важно е како луѓето во организациите комуницираат и како влијаат едни на други преку емоциите.

Затоа ги учиме раководните и нераководните кадри да ја развиваат нивната емоционална интелигенција. Таа помага да ги препознаваат и разбираат емоциите во секојдневната комуникација на работа и да умеат да одговорат на соодветен начин. Ги учиме менаџерите да користат зборови што развиваат позитивни емотивни реакции кај луѓето, ги подобруваат нивните дејства и создаваат позитивна клима насекаде низ организацијата.

Од тренинг програмата: Емоционална интелигенција, Модул 1: Што се емоциите?

Маркет Ком Консалтинг • 14 март 2018 година

Управување со деловни процеси

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top