Дали парите можат да купат етика и одговорност

10a-dali-parite-mozat-da-kupat-etika-i-odgovornost-920x649
Повторно се случи. Фејсбук ме одјавил во петокот попладне заради масовен инцидент со упад во безбедноста на податоците. Фејсбук ги оставил моите лични информации, лични пораки, фотографии и видеа незаштитени, и, на тој начин, практично им ги направил достапни на хакерите. Фејсбук не сподели никакви информации со своите корисници или јавноста за инцидентот повеќе од три дена. Во моментот кога излегоа со официјална изјава во петокот, медиумите почнаа да зујат: ,,Фејсбук ХАКИРАН – напаѓачите влегле во 50 милиони профили со пристап до постови, фотографии и пораки во инцидент за нарушување на безбедноста”, – објави The Sun. Приказната беше неверојатна, но вистинита.

Како постапи Фејсбук

Претставниците на Фејсбук изјавија дека го утврдиле инцидентот уште во вторникот и чекале три дена да го пријават на властите. Иако го испочитувале рокот од 72 часа, утврден со GDPR – Регулативата на ЕУ за заштита на општи податоци, Фејсбук потфрли во исполнувањето на основните стандарди за услугите на корисниците.

Четвртиот ден од инцидентот Фејсбук ми испрати известување во кое објасни дека една од карактеристиките на софтверот (View As / Profile Preview) била користена од напаѓачите за собирање на личните податоци од профилите на корисниците.

10b-dali-parite-mozat-da-kupat-etika-i-odgovornost-960x450

Околу 90 милиони профили се погодени од овој хакерски упад. Фејсбук не знае кои се напаѓачите, па функцијата (View As / Profile Preview) ја држат деактивирана на сите хакирани профили.

10c-dali-parite-mozat-da-kupat-etika-i-odgovornost-580x206

Очигледни се дефектите во функционирањето на Фејсбук по хакерскиот напад и тоа може да биде последица од две работи – или Фејсбук ја поправа и чисти “куќата”, или некои неидентификувани луѓе, кои упаднале во нашите профили, го управуваат ,,домаќинството‘‘. 

Еве како изгледа мојот ѕид на Фејсбук денес. Празен е.

10d-dali-parite-mozat-da-kupat-etika-i-odgovornost-519x467

Нарушена доверба

Му верувавме на Фејсбук, нели? И покрај тоа што во минатото имавме слични искуства со нив, верувавме дека можат да се подобрат во услугите. Тие не ги исполнија нашите очекувања. Тие ги прекршија повеќе пати нашите кориснички права што самите ни ги гарантираа. Еден од оштетените корисници за медиумите изјави: “Се чувствувам како Фејсбук да изврши предавство врз мене со тоа што дозволи толку лесно да се наруши мојата приватност”. 

Тоа не е се‘! И Гугл ќе добие тужба за неусогласеност

Белгиското министерство за одбрана вчера објави дека ќе го тужи Гугл за непридржување кон нивните барања за заматување на сателитските снимки на чувствителните воени локалитети. БиБиСи објави дека Гугл ја крши оваа законска обврска веќе две години. Сепак, човек не може да поверува дека задачата “Замати ги сликите!” била премногу сложена за инженерите на Гугл, па не ја завршиле. Се чини дека ова сепак е потфрлање на менаџментот.

Постојат различни причини поради кои одговорноста потфрла и слушаме премногу изговори од тие кои ги кршат правилата. Фејсбук и Гугл со години избегнуваат да преземаат дејства. Отсуството на етика и одговорност го прикриваат со жални соопштенија за јавноста, сведочења и говори. Да беа мал бизнис, ќе беа одамна затворени и заборавени поради кршење на законите.

Дури и ако ги платат високите казни предвидени со Регулативата на ЕУ за заштита на општите податоци, што се ограничени на четири отсто од нивните глобални, годишни приходи, остануваат прашањата: Кој ќе ги покрие загубите на корисниците? Дали може да се обнови довербата?

“Брендовите живеат од доверба. Довербата се гради со капки, а се губи со кофи.” – Кевин Планк

Научени лекции

  1. Да се нема контрола врз тоа што се случува е најголем ризик со кој може да се соочи некоја компанија и нејзините клиенти.
  2. Кога компанијата нема да ги предвиди ризиците, нејзиниот одговор на заканите и инцидентите е слаб и несоодветен.
  3. Проблематичното функционирање и лошите перформанси што се повторуваат им штетат на довербата и задоволството на купувачите и корисниците.
  4. Да не се дозволи увид и да не им се дадат точни и навремени информации ги нарушува односите на долг рок.
  5. Нудењето изговори и ветувања место дејства не ја подобрува работата на компанијата.
  6. Една компанија потфрла да преземе системски дејства кога менаџерските и моралните компетенции не се интегрирани, или ако некоја од двете недостига.
  7. За купувачите и корисниците да и‘  ја дадат довербата, компанијата треба да ги преземе активностите што вели дека ќе ги преземе.
  8. Отчетноста претставува преземање на одговорност да се испорачаат обврските и ветувањата.
  9. Неуспехот на компанијата да се усогласи со оперативните стандарди и со законската регулатива е неуспех на менаџментот.
  10. Плаќањето парични казни за каква било неусогласеност не ги подобрува перформансите на компанијата, а искуството на клиентите и понатаму останува лошо.
  11. Отсуството на етика и одговорност во компанијата е неуспех на раководството да обезбеди соодветно лидерство.

Билјана Хејхрст  • 30 септември 2018 година

biljana-300x300

Билјана Хејхрст е директор на консалтинг компанијата Leaders Improve од Велика Британија и раководител на секторот за организациски развој и човечки ресурси People Director. Билјана го основаше Маркет Ком Консалтинг во 2000-та година, првиот менаџмент консалтинг во Република Македонија. Во 2001 година ја стартуваше МКК Менаџмент Академијата и обучи над 5.000 директори,  претприемачи, сопственици на бизниси, менаџери, раководители и тимови.

Поврзани тренинг програми:

Основи на менаџмент
Лидерство
Развивање на лидери
Како да ја подобрите деловната перформанса
Тимска работа
Емоционална интелигенција
Коучинг вештини за менаџери и лидери

Социјален маркетинг - Да се биде присутен еден за друг
Како да ја подобрите вашата продуктивност

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top