Социјален маркетинг – Да се биде присутен еден за друг

11-socijalen-marketing-da-se-bide-prisuten-eden-za-drug-960x696

Според општествената дефиниција, социјалниот маркетинг претставува примена на комерцијални маркетинг концепти, знаења и техники за некомерцијални цели што создаваат благосостојба во општеството. Според комерцијалната дефиниција, социјален маркетинг е користењето на комерцијален маркетинг за промоција на стоки и услуги на начин кој помага во унапредување на односите со потрошувачите и, пошироко, влијае на подобрување на благосостојбата во општеството.

Благодарение на Ангус Грејди, еден од водечките експерти за тоа како да го претворите вашиот LinkedIn профил во добитна карта за вашата кариера и бизнис, неодамна разбрав дека сум во лидерската група од 1% најефективни професионалци според индексот на социјална продажба (SSI) во дејноста ,,деловен консалтинг’’ и на врвот од водечките 2% во мојата мрежа.

Што е SSI? Тоа е практична и корисна алатка која мери колку сте ефикасни во воспоставување на вашиот професионален бренд, во наоѓање на вистинските луѓе, ангажирање во теми и градење на односи. Измерете го вашиот SSI резултат на следниот линк www.bit.ly/SSIfind откако ќе се најавите на LinkedIn и видете каде се наоѓате во однос на социјалната продажба во моментов.

Дигиталната ера го менува начинот на кој маркетингот функционира во денешно време. Од нас тоа бара да ги прифатиме промените и да користиме нови методи и алатки за да ја трансформираме нашата традиционална маркетинг практика во ефективно и пријатно искуство со дигиталниот маркетинг.

Ова е едноставен, практичен совет за секој лидер и за сите оние кои се стремат кон лидерство. Среќна сум што можам да го споделам со вас и се надевам ќе видам дека повеќе се ангажирате во социјалниот маркетинг.

Ако мислите дека социјалниот маркетинг е некаков ,,кул тренд’’ или активност што е исклучиво наменета за маркетинг експертите, тоа не е така. Социјалниот маркетинг претставува мрежно поврзување и ангажирање во градење на односи со реални луѓе во одреден онлајн канал за комуникација. Имајте предвид дека алатката и методата се различни, но резултатот е ист како во нашите комуникации во реалниот живот.

Дозволете ми да го објаснам тоа на следниов начин. Како градиме односи во реалниот живот?

Се движиме меѓу луѓе. Се ​​сретнуваме. Зборуваме едни со други. Разговараме. Реагираме. Коментираме. Споделуваме. Даваме и добиваме! Благодарност, мислење, поддршка, допаѓање, недопаѓање – што било. Тоа е социјален маркетинг. Дали гледате некоја причина зошто да не се дружите повеќе со другите на социјалните медиуми?

Ако некој се прашува како да ги подобри своите социјални вештини, запрете ја таа мисла за кратко и прочитајте ја следнава реченица: Можете да вежбате со мене секогаш кога ќе ја побарате мојата помош! Ќе бидам тука за вас.

Запомнете: Социјалниот маркетинг овозможува да бидете присутни едни за други преку социјалните медиуми. Социјалниот маркетинг е процес на давање и примање. За да го практикувате, пред сè, треба да се поврзете со другите.

Билјана Хејхрст  • 11 декември 2018 година

biljana-300x300

Билјана Хејхрст е директор на консалтинг компанијата Leaders Improve од Велика Британија и раководител на секторот за организациски развој и човечки ресурси People Director. Билјана го основаше Маркет Ком Консалтинг во 2000-та година, првиот менаџмент консалтинг во Република Македонија. Во 2001 година ја стартуваше МКК Менаџмент Академијата и обучи над 5.000 директори,  претприемачи, сопственици на бизниси, менаџери, раководители и тимови.

Поврзани тренинг програми:

Комуникација на социјални медиуми
Комуникациски вештини
Презентациски вештини
Говор и говорење во јавност
Управување со конфликт
Емоционална интелигенција

Секој лидер треба да знае
Дали парите можат да купат етика и одговорност

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top