МКК Менаџмент Академија - 18 години успех
Менаџмент Академијата, која работи во состав на Маркет Ком консалтинг од 2000-та година, обезбедува менаџмент обука и коучинг за организациите во Република Македонија. Нашите тренинг програми претставуваат ефикасна дополна на формалното образование, овозможувајќи им на вработените во организациите да стекнуваат знаења и вештини што не им се достапни во формалното образование, а се клучни за остварувањето деловен и професионален успех.
Академијата е стратешки насочена кон развојот на организациите и бизнисот преку развивање на професионалниот капацитет на човечките ресурси. Ја трансформираме теоријата во практични, применливи знаења и вештини со примена на ефикасни методи, техники и алатки што ги вградивме во обуките за да ви помогнеме преку професионален развој на вашите вработени да го развивате вашиот бизнис.
Веќе 18 години со успех развиваме врвни професионалци и бизнис лидери.
Луѓето работат. Луѓето остваруваат планови.
Луѓето ја прават организацијата, тие го создаваат нејзиниот успех. Ако треба да ги подобрите резултатите, тогаш треба да ги подобрите знаењата и вештините на вашите вработени. Ако сакате да го развивате бизнисот, развивајте ги вашите менаџери за да одговорат на предвизиците.
Да се гради компетентноста кај вработените врз основа на вистинските, лични потреби, да се дефинира нивниот приоритет во согласност со компаниската стратегија и цели, и да се применат ефективни механизми за развој на човечките капацитети е единственот начин обуката да биде ефективна, а вашата инвестиција во обуката да ви се врати многукратко преку зголемени деловни резултати.
Со 30 години искуство во настава за возрасни, претприемаштво, развој на бизнис и деловен консалтинг, се‘ што можеме да направиме за вас е да создадеме успех. Ова го потврдува успехот на нашите клиенти кои се вистински лидери во својата дејност.
Врвна тренинг методологија
Нашата тренинг методологија е единствена од овој вид на домашниот пазар. Место да платите најмалку десетина пати поскапо за ваков тип обука во странство, со нас ја добивате по домашни цени.
Методологија на трајно знаење
Со ,,Методологијата на трајно знаење‘‘ им овозможуваме на вашите вработени да поминат низ сите фази од процесот на учење – од незнаење и пасивно примање на нови содржини преку учење до активно знаење и примена на новото знаење во секојдневната работа.
Преку учење и практична работа (hands-on training) новите знаења и вештини стануваат трајни и се трансформираат во конкретни деловни резултати.
Обуки скроени за вашите потреби
Секој е посебен. Секоја компанија има посебни потреби. Секој бизнис работи во различен сетинг и се соочува со различни предизвици. Потребите на бизнисот и на луѓето се разликуваат. Затоа додека ја креираме вашата програма комбинираме содржини што ги адресираат вашите потреби.
Градење на синергија
Преку обука и советување градиме врски, механизми и алатки што ја подобруваат соработката помеѓу различни организациски единици во вашата компанија.
Посебно е важно што преку обуката ги јакнеме хоризонталната и вертикалната синергија во организацијата, што ја подобрува комуникацијата и ги зголемува деловните резултати.
Емпириско учење
Примената на врвни наставни методи и техники ни овозможува возрасните да ги учиме искуствено. Со емпириски методи им пренесуваме вештини и ја трансформираме нивната перформанса.
Посебен нагласок ставаме врз знаењата, вештините и алатките што треба да ги применуваат на работното место.
Стил на обучување
Стилот на обучување е интерактивен и ориентиран кон луѓето. Изобилува со динамични наставни техники комбинирајќи интроспективни, аналитички и дедуктивни методи. Ова ја прави секоја наша обука интерактивна и фокусирана на резултати.
Висока практичност и применливост
Програмите од нашата Менаџмент Академија се одликуваат со висока практичност и применливост. Тие создаваат:
- нови вредности, практики и иновации,
- зголемена ефикасност и продуктивност,
- успешни, задоволни и мотивирани вработени,
- зголемени приходи и профит.