Тренинг програмите за управување со човечките ресурси се дизајнирани да овозможат развој на најдобрите практики во управувањето со човечките ресурси во компаниите. Тие пренесуваат знаења и развиваат вештини што се клучни за подобрување на начинот на управување со човечките ресурси.
Менаџерите од врвното и средното ниво ги учат како ефикасно да управуваат со човечките ресурси, да ги мотивираат и да ја подобруваат нивната перформанса.
На специјалистите од областа на човечките ресурси овие програми им помагаат да го развиваат системот за управување со човечките ресурси во организацијата, да иновираат и да овозможуваат ефикасно поврзување на вработените со стратегијата и целите.
За вашите менаџери и за вработените во човечките ресурси достапни се различни степени од следните програми:
- Основи во управувањето со човечки ресурси
- Развој на човечките ресурси
- Реорганизација и реструктуирање
- Дизајнирање на работни места и планирање на работна сила
- Рекрутинг и избор на кадри
- Оценување на перформансата на вработените
- Мотивирање и наградување на вработените
- Како да дизајнирате систем и алатки за мотивирање и наградување
На овие теми, зависно од потребите од развој на индивидуите, се додаваат и други содржини: лидерство, комуникации, иновирање, проектен менаџмент, обука и коучинг.
Лидерство
Создаваме професионални менаџери и стратешки лидери како генератор на раст на секој бизнис […]
Обука и коучинг
Само континуирано учење и примена на нови знаења и вештини ги подобрува перформансите […]
Иновирање
Ако вие не иновирате, тогаш сигурно некој ваш конкурент ќе иновира и ќе ве претекне на пазарот […]
Комуникации
Умешната комуникација се наоѓа на врвот од листата на потребни вештини од кои зависи успехот […]
Маркетинг
Врвни стратешки и оперативни маркетинг решенија за суштинските потреби на вашиот маркетинг тим […]
Проектен менаџмент
Професионални проектни менаџери се силен генератор на развојот и растот на секој бизнис […]