Без оглед дали вработените се ангажирани на раководно или нераководно работно место, потребата умешно да комуницираат интерно – со колегите и претпоставените и екстерно – со купувачите и соработниците, се наоѓа на врвот од листата на барани вештини за работа.
Тренинг програмите за развој на комуникациски вештини се фокусирани на суштинската потреба од личен развој од која зависи успехот на секој професионалец – комуникацијата.
Програмите пренесуваат знаења и развиваат вештини што се клучни за подобрување и усовршување на комуникацијата, почнувајќи од вештините за слушање, толкување на говорот на телото, одговарање во ситуација на конфликт, асертивност, влијаење врз другите, фасилитирање и преговарање, па се до пишување, усно презентирање и јавен говор. Достапни се различни степени од програмите:
- Комуникациски вештини,
- Презентациски вештини,
- Деловно пишување,
- Говор и говорење во јавност.
Овие програми се наменети за раководни и нераководни кадри кои треба да ги подобрат комуникациските вештини за да ги подобрат личните перформанси и соработката во организацијата и надвор на пазарот.
Во текот на обуката се применуваат многу практични вежби за развој на комуникациските вештини. Помеѓу две тренинг сесии ги водиме и советуваме вашите вработени низ конкретни практични задачи од областа на применетите комуникации и им помагаме да развијат ефективен комуникациски стил.
Лидерство
Создаваме професионални менаџери и стратешки лидери како генератор на раст на секој бизнис […]
Човечки ресурси
Луѓето создаваат. Фокусот е на вештините на луѓето кои управуваат со човечки ресурси […]
Обука и коучинг
Само континуирано учење и примена на нови знаења и вештини ги подобрува перформансите […]
Продажба
Зголемени резултати и задоволување на потребите од развој на продажбата во вашата компанија […]
Маркетинг
Врвни стратешки и оперативни маркетинг решенија за суштинските потреби на вашиот маркетинг тим […]
Проектен менаџмент
Професионални проектни менаџери се силен генератор на развојот и растот на секој бизнис […]