Коучинг

10-koucing-990x661

Коучингот е релативно нова метода за развој на знаењата и вештините  на луѓето која во светот почна да се применува во 1994 година. 

Ние практикуваме коучинг уште од самиот почеток на нашата работа во 2000-та година кога бевме регистрирани како првиот менаџмент консалтинг во Република Македонија.

Освен што применуваме коучинг за да ги развиваме знаењата и вештините на вашите вработени, го користиме и за зголемување на перформансата, за иновирање и за решавање на проблеми и предизвици.

Индивидуални и групни сесии

Коучинг сесиите се наменети за поединци и мали групи кои треба брзо и фокусирано да развијат професионален капацитет во одредена област за да одговорат на барањата и предизвиците во работата и да ги подобрат перформансите со кои управуваат.

Додека индивидуалните сесии се персонализирани за да овозможат индивидуален професионален развој и развој на најдобри практики на работното место, групните сесии овозможуваат групен развој на тимовите кои треба да остварат заеднички професионални цели.

Структуриран коучинг

Структурираниот коучинг е една од најдобрите тренинг методи со која преку практична работа развиваме повисоки вештини и специјалистички знаења кај вашите вработени. 

Структурираните коучинг сесии се подготвуваат однапред. Тие обработуваат конкретни прашања и се насочени кон остварување на конкретни деловни цели.

Времетраење

Коучинг сесиите траат определен број на часови неделно и месечно, онолку колку што е потребно за да се овозможи трансфер на ноу хау, да се примени новото знаење во пракса и да се оствари планираниот резултат.

Коучинг пакети

За компаниите кои сакаат да направат брзи промени и да ги зголемат резултатите на долг рок, достапни се специфични коучинг пакети. Активностите опфаќаат:

Комбинирани методи за повисоки перформанси

Секогаш кога клиентот има потреба да подобри повеќе видови на перформанси, во планот за развој комбинираме коучинг со практична работа, советување на работно место и обука. Доколку ви се потребни повеќе информации, консултации или презентација на резултати од нашите коучинг активности, побарајте не‘ и закажете состанок. Консултациите се бесплатни.
Scroll to Top