Лидерство

2-liderstvo-990x660

Компетентно лидерство

Рецептот за успешен бизнис еволуираше до таму што денес успехот се смета за резултат на компетентно лидерство, а не последица од случајности. Да ставите пари или други ресурси во рацете на некомпетентни вработени, особено раководители, не може да донесе ништо подобро освен загуби и неуспех. Тоа што се смета за делумен успех е целосен неуспех и скоро секогаш  неуспех во целина.

Развиваме лидери

За да ви овозможиме успех, се фокусираме на развивање на лидерските и менаџерските капацитети во вашата организација.

Програмите создаваат професионални менаџери и стратешки лидери кои се генератор на развојот на секој бизнис.

Тренинг програмите за развој на менаџерски и лидерски вештини ги комбинираат следните: 

1. Основи на менаџмент
2. Лидерство
3. Развивање лидери
4. СВОТ Анализа и планирање на акции
5. Стратешко планирање
6. Оперативно планирање
7. Бенчмаркинг
8. Планирање и организација
9. Решавање на проблеми
10. Одлучување
11. Управување со време
12. Управување со промени
13. Управување со состаноци
14. Управување со информации
15. Управување со целосен квалитет
16. Управување со конфликти
17. Како да ја подобрите деловната перформанса
18. Како да ја подобрите перформансата на вработените
19. Тимска работа
20. Емоционална интелигенција

На овие теми, зависно од потребите од развој, се додаваат и содржини од следните: управување со човечки ресурси, комуникации, иновирање, проектен менаџмент, обука и коучинг.

Секоја тренинг програма содржи модули и теми што произлегуваат од претходни анализи на вашите потреби од развој.

Врвни оценки и достигнувања со програмата ,,Основи на менаџмент‘‘

Тренинг програмата ,,Основи на менаџмент‘‘ ја спроведуваме веќе 18 години. Сите клиенти кои ја поминале оваа програма ја оценуваат како клучна за нивниот професионален и деловен успех.

,,Основи на менаџмент‘‘ е сеопфатна тренинг програма за развој на лидерските вештини на раководни кадри од врвниот и средниот менаџмент која има три степени: основно, средно и напредно ниво.

Нашите клиенти ја оценуваат како единствената квалитетна програма за развој на менаџери во Република Македонија. Која е тајната на успехот на оваа програма?

Постојат неколку причини за нејзиниот успех. Пред се, тоа се содржините кои изобилуваат со водечки знаења, методи и техники што ги применуваат најдобрите компании во светот. Следно, програмата развива најмалку 30 клучни лидерски вештини од вкупно 100. Потоа, таа ги интегрира и ги хармонизира личните и организациските потреби. Уште една силна страна на оваа програма е нашата ,,Методологија на трајно знаење‘‘ со која развиваме трајни вештини и практики. Нашите клиенти со највисоки оценки го вреднуваат методолошкиот пристап на тренерите. Програмата создава повисоки деловни резултати и ги развива менаџерите во лидери.

Случај од пракса: ,,Од обука и проектна задача до лидери‘‘

Сакајќи да се развие и да стане лидер во дејноста, нашиот клиент не‘ ангажираше да развиеме 150 лидери од врвниот и средниот менаџмент (директори, менаџери, раководители и нивни заменици). Интересен податок е дека работевме на развој на целиот менаџмент во организацијата. 

Ова е случај во кој со програмата ,,Основи на менаџмент‘‘ обучивме најголем број на менаџери од иста организација во  Република Македонија. Заедничка стратешка цел со клиентот беше да обезбедиме еднаков трансфер на знаења и вештини кај сите менаџери во исто време и да стимулираме хармонизиран раст во сите области од бизнисот и во сите организациски единици на различни локации во Република Македонија.

Под наше водство во период од 24 месеци 150 менаџери ги развиваа нивните лидерски вештини, развиваа нови практики и решенија, применуваа нови методи и техники на водење и управување, решаваа конкретни проблеми од пракса, иновираа и воведуваа подобрувања во сите области од работата. Во истиот тој период, помеѓу две тренинг сесии, со коучинг и советување на работно место ги водевме додека работеа на практични задачи.

Какви беа резултатите? Освен што менаџерите го развија својот лидерски профил, тие изготвија и спроведоа 270 проекти со кои ги развија организациските единици и перформансите на тимовите со кои управуваа, развија нови производи и услуги за пазарот, стекнаа многу нови купувачи и корисници, ги зголемија приходите и профитот. На овој начин нашата супериорна методологија разви 150 успешни лидери во браншата и на нашиот клиент му помогна да ја оствари стратешката цел – да стане престижен лидер во дејноста. Денес организацијата вработува над 750 професионалци и продолжува да ги зголемува приходите и профитот.

Успехот е резултат од нашата работа и неговото остварување се должи на способноста на врвниот менаџмент и на сопствениците да ги препознаат придобивките од нашата методологија и да ни‘ ја доверат задачата. Овој пример поучува дека за успех секогаш се потребни две страни – едната која дава знаења и вредности и другата која е спремна да учи, да се менува и да расте.  

Ова искуство ја потврдува поуката на Арнолд Х. Гласоу која гласи: ,,Успехот е едноставен. Направете го исправното на правилен начин во вистинско време.‘‘

Кога двете страни имаат исти цели, знаат што треба да прават и се посветени тоа да го направат на вистинскиот начин, успехот е природна последица од нивното правилно дејствување.

Човечки ресурси

Луѓето создаваат. Фокусот е на вештините на луѓето кои управуваат со човечки ресурси […]

Обука и коучинг

Само континуирано учење и примена на нови знаења и вештини ги подобрува перформансите […]

Иновирање

Ако вие не иновирате, тогаш сигурно некој ваш конкурент ќе иновира и ќе ве претекне на пазарот […]

Продажба

Зголемени резултати и задоволување на потребите од развој на продажбата во вашата компанија […]

Комуникации

Умешната комуникација се наоѓа на врвот од листата на потребни вештини од кои зависи успехот […]

Проектен менаџмент

Професионални проектни менаџери се силен генератор на развојот и растот на секој бизнис […]

Scroll to Top