Содржини и теми
Нашите тренинг програми за управување со маркетингот нудат комбинација од врвни стратешки и оперативни маркетинг решенија кои целосно ги задоволуваат потребите на вашиот бизнис.
Програмите пренесуваат знаења и вештини во сите сегменти од маркетинг циклусот, почнувајќи од истражување на пазарот, на желбите и очекувањата на потрошувачите и стекнување на купувачи и потрошувачи, преку методи и техники за градење на лојалност и ангажирање на купувачите и потрошувачите на домашниот и на странските пазари.
Обучуваме менаџери и директори на маркетинг, бренд менаџери, лидери на маркетинг и трејд маркетинг тимови, менаџери и соработници за односи со јавност. Ги развиваме нивните знаења и вештини и им помагаме да ги подобрат маркетинг перформансите на компанијата.
Интерни, степенести програми
Тренинг програмите за развој на маркетингот се интензивни, интерни програми што се креираат и спроведуваат за тимови од вашата компанија. Фокусот е на решенијата за зголемување на продажните резултати на вашата компанија. Достапни се различни степени од следните програми:
- Основи на маркетинг
- Истражување на пазар
- Анализа на пазарот и продажбата
- Бренд менаџмент
- Управување на односите со купувачите
- Ангажирање на купувачите и потрошувачите
- Трејд маркетинг
- Меѓународен маркетинг
- Односи со јавност
Практични задачи и проекти
Во текот на обуката и помеѓу две тренинг сесии ги водиме и советуваме вработените додека работат на практични задачи и проекти. Ги учиме како да креираат иновации и решенија за развој на маркетинг праксата и да ги подобрат ефектите од маркетинг инвестициите на вашата компанија.
Зависно од потребите за развој на вработените, марктинг темите ги комбинираме и со теми од другите области за да развиеме повеќе вештини и знаења и да создадеме повисоки резултати.
Лидерство
Создаваме професионални менаџери и стратешки лидери како генератор на раст на секој бизнис […]
Обука и коучинг
Само континуирано учење и примена на нови знаења и вештини ги подобрува перформансите […]
Иновирање
Ако вие не иновирате, тогаш сигурно некој ваш конкурент ќе иновира и ќе ве претекне на пазарот […]
Продажба
Зголемени резултати и задоволување на потребите од развој на продажбата во вашата компанија […]
Комуникации
Умешната комуникација се наоѓа на врвот од листата на потребни вештини од кои зависи успехот […]
Проектен менаџмент
Професионални проектни менаџери се силен генератор на развојот и растот на секој бизнис […]