Програмите за обука и коучинг се наменети за лидери кои управуваат со вработени и за специјалисти кои обучуваат тимови и поединци преку структурирани тренинг работилници, коучинг и обука на работно место.
Создаваме интерни тренери, тренинг и коучинг програми
Со програмите за обука и коучинг создаваме интерни тренери и специјалисти за развој на човечките ресурси во вашата организација. Вработените кои се обучуваат за интерни тренери ги водиме низ процесот на креирање на интерни тренинг и коучинг програми во различни области што вашата компанија ќе ги применува во иднина.
Достапни се различни степени од следните програми:
- Обука за обучувачи
- Како да дизајнираш и спроведеш обука за твоите вработени
- Коучинг на вработени
- Коучинг вештини за менаџери и лидери
На вашите лидери и тренинг специјалисти им пренесуваме методи и техники како да дефинираат цели, структура и материјали за нивните тренинг и коучинг сесии со вработените со кои управуваат, како да ги користат најефикасните тренинг методи во групни и индивидуални тренинг и коучинг сесии, предавања, работилници и интерни конференции, како да ги мерат ефектите од нивните тренинг и коучинг активности и како континуирано да ги подобруваат перформансите на вработените.
Интерна експертиза, развој и заштеди
Континуираното учење и применување на нови знаења и вештини во организацијата ги подобрува перформансите на вашите вработени и на бизнисот во целина.
Преку создавање на интерни тренери, тренинг и коучинг програми и практики, вашата компанија не само што остварува значителни заштеди намалувајќи ги трошоците за ангажирање на надворешни експерти, туку создава и сопствен пул на знаења, идеи и информации што ќе се споделуваат насекаде низ организацијата и ќе стимулираат развој на човечките ресурси и на бизнисот.
Лидерство
Создаваме професионални менаџери и стратешки лидери како генератор на раст на секој бизнис […]
Човечки ресурси
Луѓето создаваат. Фокусот е на вештините на луѓето кои управуваат со човечки ресурси […]
Иновирање
Ако вие не иновирате, тогаш сигурно некој ваш конкурент ќе иновира и ќе ве претекне на пазарот […]
Продажба
Зголемени резултати и задоволување на потребите од развој на продажбата во вашата компанија […]
Комуникации
Умешната комуникација се наоѓа на врвот од листата на потребни вештини од кои зависи успехот […]
Проектен менаџмент
Професионални проектни менаџери се силен генератор на развојот и растот на секој бизнис […]