Тренинг програмите за развој на продажбата се интензивни, интерни програми што ги спроведуваме за тимови од вашата компанија. Тие се затворен тип на обука што ги става во фокус потребите на вашиот бизнис.
Обучуваме менаџери и директори за продажба, менаџери на регионална продажба, лидери на продажни тимови и супервизори, комерцијалисти, мерчандајзери и продавачи. Ги развиваме нивните продажни вештини и им помагаме да ги подобрат продажните резултати.
Содржини и теми
Од истражување на продажни канали, таргетирање на потенцијални купувачи и управување со можностите за продажба преку консултативна продажба, преговарање, развој на купувачи и управување со продажбата, нашиот пакет со тренинг програми за продажба целосно ги покрива потребите на вашиот продажен тим.
Степенести програми
Обуката се структурира и спроведува во различни степени за да поттикне зголемување на резултатите на вашата компанија. Достапни се различни степени од следните програми:
Управување со продажбата
- Основи на управување со продажбата
- Сегментација на пазар – Стратешко управување со целни групи на купувачи
- Управување со продажни резултати
- Управување со проекти
- Предвидување на продажбата и продажните трендови
- Регрутирање на таленти за продажба
- Коучинг за менаџери во продажбата
- Како да дизајнираш и спроведеш обука за твоите вработени
- Обука за обучувачи на продажна сила
Продажни вештини
- Теренска продажба
- Продажба по телефон
- Како да продавате на ки акаунти
- Како да продавате на традиционални трговци на мало
- Ефективна продажна комуникација
- Како да комуницирате за да влијаете на одлуките на вашите купувачи
- Ангажирање на купувачите – Како купувачите да продаваат за вас
- Како да создавате лојални купувачи
- Презентациски вештини
- Преговарачки вештини
Иновирање во продажбата
- Иновирање во продажбата – Создавање на иднината
- Иновирање на системот на продажба – Зголемување на продажните резултати
- Креативно мислење и иновативни решенија во продажбата
- Иновирање на наплатата – Зголемување на приходите
Продажба во пазарни канали
- Како да продавате на традиционални трговци на мало
- Како да продавате на ки акаунти
- Развoj на продажбата во ХоРеКа
- Консултативна продажба
- Маркетинг и продажба – Интегриран стратешки пристап и пракса
Развој на продажбата
Во текот на обуката и помеѓу две тренинг сесии ги водиме и советуваме вашите вработени додека работат на практични задачи за подобрување на перформансите во продажбата.
Ги учиме како да креираат и применат нови, ефикасни решенија и иновации, како да го подобрат квалитетот на услугите и да го зголемат задоволството на купувачите и потрошувачите.
Лидерство
Создаваме професионални менаџери и стратешки лидери како генератор на раст на секој бизнис […]
Обука и коучинг
Само континуирано учење и примена на нови знаења и вештини ги подобрува перформансите […]
Иновирање
Ако вие не иновирате, тогаш сигурно некој ваш конкурент ќе иновира и ќе ве претекне на пазарот […]
Комуникации
Умешната комуникација се наоѓа на врвот од листата на потребни вештини од кои зависи успехот […]
Маркетинг
Врвни стратешки и оперативни маркетинг решенија за суштинските потреби на вашиот маркетинг тим […]
Проектен менаџмент
Професионални проектни менаџери се силен генератор на развојот и растот на секој бизнис […]