Политика за користење на колачиња (cookies)

Политиката за користење колачиња објаснува што се колачиња, видови колачиња што се користат, како  се користат, информации што се собираат со користење на колачињата, како се користат тие информации и како ги контролирате вашите преференци за колачињата.

Внимателно прочитајте ја оваа Политика за користење на колачиња, која ги опишува видовите колачиња што ги користиме на веб страната  и целите за нивната обработка за да бидете информирани за сите детали околу користењето на колачињата и информациите што ги собираме за вас и од вас.

Доколку имате прашања, контактирајте со нас на contact@marketcomconsulting.com. За повеќе информации за нашата политика за заштита на правата на приватност, прочитајте ја нашата Политика за приватност.

Што се колачиња (cookies)

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во вашиот компјутер или мобилен телефон/уред од страна на веб страните кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страните кои ги посетувате и да помогнат во вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страната.

Какви видови на колачиња постојат

Постојат разни видови колачиња и тие можат да се поделат во неколку групи и тоа: според времетраењето, доменот на кој припаѓаат и намената (целта).

Колачињата според нивното времетраење може да се поделат во две категории:

а) Привремени – Колачиња за време на сесија на пребарување и
б) Постојани – Трајни колачиња.

а) Колачињата за време на сесијата се привремени. Сесијата почнува кога корисникот го стартува пребарувачот и завршува кога корисникот ќе го затвори пребарувачот. Откако ќе се затвори пребарувачот, сите колачиња за сесијата се бришат.

б) Трајните колачиња остануваат на вашиот уред до датумот на истекување/времето утврдено од креаторот на колачињата. Тие се активираат секој пат кога корисникот ќе ја посети веб страната што го има поставено тоа колаче.

Според доменот на кој припаѓаат колачињата се делат на:

а) Колачиња кои се поставени од сопственикот на доменот и
б) Колачиња кои се поставени од трети страни.

а) Колачиња што се поставени од сопственикот на доменот уште се нарекуваат и колачиња од прва страна. Овие колачиња им овозможуваат на сопствениците на веб страните да собираат аналитички податоци, да ги паметат поставките за јазикот и да вршат други корисни функции кои обезбедуваат подобро корисничко искуство.

б) Колачиња што се поставени од трети страни се поставени од друг домен, различен од доменот, т.е. URL адресата прикажана во лентата за адреси на пребарувачот што го посетил корисникот. Колачињата од трети страни сами по себе не се поразлични од колачињата поставени од сопственикот на доменот. Единственото нешто што треба дасе  има предвид е дека надворешниот провајдер, а не сопственикот на доменот/веб страната, одредува кој тип на податоци се зачувуваат и како се користат.

Според намената и целите за кои се користат, колачињата се делат на:

→   Основни/Неопходни/Постојано активни

Тоа се колачиња што се потребни за функционирање на веб страната. Овие колачиња анонимно ги обезбедуваат основните функционалности и безбедносни карактеристики на веб страната. Тие не собираат и не складираат никакви лични информации.

→   Функционални

Тоа се колачиња што и овозможуваат на веб страната да ја споделува содржината од веб страната  на платформите на социјалните медиуми, да обезбедува подобра функционалност и персонализација, да собира повратни информации и други функции од трети страни.

→   Аналитички/ Статистички

Тоа се колачиња што и овозможуваат на веб страната  утврдување на бројот на посети и изворот на сообраќајот на веб страната, со цел да се измери и подобри нејзината перформанса. Тие помагаат да се анализира кои страни се најпосетени и да се подобрува навигацијата на посетителите низ страните. Сите информации што се собираат преку овие колачиња се анонимни.

→   Перформансни

Тоа се колачиња што и овозможуваат на веб страната  да ги разбере и анализира клучните индекси на перформанса на веб страната  коишто помагаат во обезбедување на подобро корисничко искуство за посетителите.

→   Маркетиншки

Тоа се колачиња што собираат информации за навиките и однесувањето на корисникот на веб страната за да можат да прикажуваат индивидуализирани реклами.

→   Преференциjaлни

Овие колачиња ни помагаат да ги зачуваме вашите поставки и преференците за пребарување, како, на пример, вашите преференци за јазикот на кој ја читате страната, што за вас обезбедува подобро искуство во вашите идни посети на веб страната.

Зошто се користат колачињата

Колачиња (cookies) се користат за идентификување на корисниците и за следење на движењето на посетителите на веб страната www.marketcomconsulting.com.

Колачињата се користат за подобро разбирање на користењето на веб страната  од страна на посетителите како и за оптимизирање на искуството при користење. Колачињата можат да содржат различни видови информации за вашата посета на одредена веб страна, но најчесто се користат за чување на избраните преференци, како што се јазик, големина на фонт, содржина на кошничката, поставки за приватноста и состојба на најавување. Колачињата не содржат ваши лични или приватни податоци, но можат да соберат информации за вашите навики за пребарување.

Колачињата и дозволуваат на веб страната што ги поставува да ги препознава уредите на посетителите во споредба со нивни претходни најави и посети со цел да се персонализираат рекламите на начин што овозможува поголема релевантност за корисниците. Овие информации може да се соберат на сите веб пребарувачи и на сите уреди, вклучувајќи компјутер, лаптоп, паметни телефони, таблети, и слични. Во најголем дел, колачињата го подобруваат вашето корисничко искуство со пребарувањето со тоа што спречуваат постојано да ја одбирате истата опција секогаш кога посетувате некоја страна.

Колачињата содржат информации кои вашиот пребарувач може да ги поврати, но истите не содржат програми, вируси или малициозен софтвер. Колачињата обично истекуваат по одреден временски период, кој може да биде во траење од неколку минути до една година.

На тој начин се собираат податоци за подобро разбирање за користењето на веб страната  од страна на посетителите, со цел да се подобри корисничкото искуство, и да се оптимизира и унапреди функционалноста на веб страната.

Сите информации што се меморираат во врска со колачињата (cookies), се користат исклучително само за потребите на веб страната и интернет услугите, и тоа на начин на кој вашата приватност воопшто не е и не може да биде загрозена. Меморираните колачиња не се користат и не се поврзуваат со никакви и ничии лични податоци, доколку претходно не била дадена согласност од посетителот или корисникот и доколку истите не биле доставени од страна на носителот на личните податоци.

На нашата веб страна користиме колачиња (cookies) од следниве причини:

  • за добро техничко функционирање на веб страната;
  • за собирање на збирни, анонимни статистички податоци;
  • за да ги запомниме вашите преференци како да се прикажува веб страната, како на пример, преференци за параметрите на екранот, контраст на бојата или големината на фонтот;
  • за да запомниме и да ве потсетуваме дали се согласувате со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страна.

Кои видови на колачиња ги користиме

Колачиња (cookies) што ги користиме за секојдневно функционирање на веб страната се:

→   основни/неопходни/постојано активни;
→   функционални;
→   аналитички/ статистички;
→   перформансни;
→   преференциjaлни.

Начин на користење на колачињата

Ние не користиме колачиња за складирање на лични податоци или какви било други податоци што можат да се користат за идентификација на корисниците и посетителите на веб страната.

Информациите поврзани со колачињата не се користат за ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња не е неопходно за работењето на веб страната. Тие вам ви овозможуваат подобро искуство во пребарувањето на страната. Доколку сакате, овие колачиња можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема да работат правилно.

Можете да ги избришете сите колачиња кои веќе се наоѓаат на вашиот компјутер и можете да изберете поставки кај поголемиот дел од пребарувачите што ќе ги спречат. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференците секој пат кога ќе ја посетувате веб страната, а можно е и да не работат и некои услуги и функционалности.

Користењето на нашата веб страна може да резултира со складирање на одредени колачиња што не се под контрола на МКК Менаџмент Академија. Ова се случува кога веб страната  која ја посетувате користи аналитика од трети страни или алатка за автоматизирање и управување со рекламирањето, како алатките што ги нудат Google или Oracle ,или, пак, се прикажуваат содржини од веб страна на трети страни, како на пример YouTube, Facebook или Linkedin. На овој начин ќе добиете колачиња од услугите на таа трета страна, при што може да немате контрола врз складирањето или пристапот до овие колачиња. Во тој случај ви препорачуваме да ги погледнете политиките на приватност и колачиња за овие услуги на третите страни и да дознаете како овие трети страни ги користат колачињата во однос на вашите податоци.

Нашата веб страна ја користи услугата на трета страна – Google Analytics, со цел собирање на стандардни информации за пристапот до страната и детали за однесувањето на посетителите на начин што никој не може да биде идентификуван, ниту да му овозможи на Google да го открие идентитетот на сите кои ја посетиле нашата веб страна.

Социјални мрежи

Со кликнување на иконите за одредени социјални мрежи (Facebook, Linkedin, итн.), кои се наоѓаат на веб страната  на МКК Менаџмент Академија, корисникот може лесно да пристапи до профилот на компанијата Маркет Ком Консалтинг ДООЕЛ Скопје на социјалните медиуми, како и да сподели и преобјави содржини на други профили на социјалните медиуми, поврзани со Маркет Ком Консалтинг ДООЕЛ Скопје. Со кликнување на тие копчиња, односно икони, што водат до социјалните мрежи, на корисникот му се овозможува брз пристап и понуда на релевантни информации што се во согласност со активностите направени од страна на самиот корисник веб страната.

Подетални информации за собирањето и обработката на податоците од Facebook можете да најдете на: https://www.facebook.com/privacy/policy/

Подетални информации за собирањето и обработката на податоците од Linkedin можете да најдете на: https://www.linkedin.com/legal/privacy-policy/

Подетални информации за собирањето и обработката на податоците од Google можете да најдете на https://policies.google.com/privacy.

Подетални информации за собирањето и обработката на податоците од Oracle можете да најдете на: https://www.oracle.com/legal/privacy/privacy-policy.html

Промена на поставките за колачиња

Поставките на пребарувачот за промена на поставките за колачиња обично се наоѓаат во менито ‘Options’ или ‘Preferences’ на вашиот пребарувач. За да ги разберете овие поставки, може да ви користат линковите подолу. Во спротивно, треба ја користите опцијата ‘Help’ во вашиот пребарувач за повеќе детали.

Различни пребарувачи обезбедуваат различни методи за блокирање и бришење на колачиња што ги користат веб страните. Можете да ги промените поставките на вашиот пребарувач за да ги блокирате и/или избришете колачињата. За да дознаете повеќе за колачињата, вклучително и како се поставени, како да управувате со нив и како да бришете колачиња, посетете ги веб страните на www.wikipedia.org и www.allaboutcookies.org

Како да ги избришете или блокирате колачињата

Повеќето колачиња може да се избришат или блокираат. Колачињата за време на сесијата автоматски ќе се избришат кога ќе го затворите вашиот веб пребарувач.

Имајте предвид дека некогаш бришењето на колачињата може да влијае на вашето корисничко искуство, особено при повторна посета на некоја страна. На пример, можеби ќе бидете принудени повторно да се најавите или, пак, одредени поставки да исчезнат.

Повеќе пребарувачи овозможуваат одредена контрола на повеќето колачиња преку поставките на пребарувачот. Меѓутоа, ако ги користите поставките на пребарувачот за блокирање на сите колачиња, вклучително и функционалните колачиња, можеби нема да можете да пристапите до целата веб страна или до одредени нејзини делови, содржини и функции.

Scroll to Top