Политиката за приватност дава општи информации за собирањето, обработката и чувањето на лични податоци при посета на нашата веб страна и/или корисење на некој од нашите производи и услуги преку истата.
Правното лице Друштво за менаџмент и маркетинг услуги Маркет Ком Консалтинг ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. „Јордан Мијалков“ бр. 36/5, Скопје, Република Северна Македонија. (во натамошниот текст: Маркет Ком Консалтинг ДООЕЛ Скопје), во своето работење, целосно го почитува Законот за заштита на личните податоци и сите други прописи кои ја регулираат и нормираат оваа материја и пропишуваат посебен третман во врска со личните податоци на корисниците и посетителите на нашата веб страна.
Прочитајте ја внимателно Политиката за заштита на приватноста, за да се информирате за начинот на користење на вашите лични податоци од страна на Маркет Ком Консалтинг ДООЕЛ Скопје, што ги оставате при посета на веб страната МКК Менаџмент Академија.
Информациите подолу се однесуваат само за нашата веб страна. Доколку преку нашата веб страна се поврзувате со други веб страни, потребно е да ги разгледате и да ги прочитате политиките за заштита на приватноста објавени на тие веб страни.
Согласно Законот за заштита на лични податоци должни сме да ве информираме за обработката на вашите лични податоци. Вашите личните податоци ги обработуваме на законски, фер и транспарентен начин со кој се обезбедува соодветна заштита на личните податоци, вклучувајќи и заштита од неовластена или незаконска обработка и од случајно губење, уништување или оштетување, користејќи соодветни технички и организациски мерки.
Обработувач и Контролор на лични податоци
Согласно Законот за заштита на лични податоци, Обработувач и Контролор на личните податоци е Маркет Ком Консалтинг ДООЕЛ Скопје.
Активностите на обработка на личните податоци поврзани со онлајн услугите достапни преку веб страната на МКК Менаџмент Академија, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.
Лични податоци
„Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице.
Вие во својство на посетители/корисници, сте должни да ни доставувате вистински, точни и целосни лични податоци, како и ажурирање на сите промени настанати во врска со вашите лични податоци.
Правна основа
Правната основа за обработка на лични податоци ја сочинуваат:
– Закон за заштита на лични податоци,
– Закон за облигациони односи,
– Закон за трговија,
– Закон за електронска трговија,
– Закон за заштита на потрошувачи,
– Закон за образование на возрасни,
– Подзаконски акти и други регулативи со кои се уредува собирање и обработка и/или заштитата на личните податоци,
– Дадена согласност од страна на посетител/корисник на веб страната.
Кои податоци се собираат
Личните податоци се собираат и обработуваат во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци.
Собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:
- Вработени и соработници,
- Посетители на нашата веб страна МКК Менаџмент Академија: Вообичаено собираме податоци за навигација (види подолу) кои се користат за анализa на податоците од посетите на нашата веб страна како и за одржување на информатичка сигурност на нашата веб страна. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја нашата Политика за користење на колачиња,
- Лични податоци за цели на спроведување на обуки на учесници, директен маркетинг, по своја волја/лична пријава за добивање тековни информации преку соодветната алатка на нашата веб страна за обуки, настани организирани од страна на МКК Менаџмент Академија.
Маркет Ком Консалтинг ДООЕЛ Скопје ги собира и складира само оние лични податоци кои посетителите/корисниците по своја волја/лична пријава ќе ги достават при посетата и/или користењето на оваа веб страна.
Маркет Ком Консалтинг ДООЕЛ Скопје, добиените податоци на ниту еден начин не ги класифицира и нема да ги класифицира, групира или употребува за било кои други цели освен за целите за кои тие се доставени од страна на самите посетители, односно корисници.
Категории на податоци што се собираат и обработуваат
А. Податоци за навигација
Податоците се собираат, обработуваат и чуваат во безбедна околина, заштитена од неавторизиран пристап (HTTPS технологија на енкрипција, антивирус и антиспам технологии).
При посетата на нашата веб страна, хостинг серверот за секој посетител креира логови со следниве податоци:
- Вашата интернет протокол (IP) адреса,
- Уредот од кој пристапувате, вид и модел,
- Вашиот оперативен систем,
- Видот на пребарувачот, плаг-инови (plugins) и верзија,
- Страните што ги посетувате на нашата веб страна и времето што го минувате на секоја страна,
- URL на страната која ве префрлила на нашата веб страна и во некои случаи, термините што сте ги користеле во обидот да ја најдете страната на МКК Менаџмент Академија,
- Јазикот на пребарувачот кој го користите,
- Држава (се одредува преку IP адресата).
Б. Податоци кои посетителите/корисниците своеволно ги доставуваат
Лични податоци што ги собираме од Вашата посета на нашата веб страна, се оние кои Вие своеволно ги доставувате за целите определени на релација МКК Менаџмент Академија и посетител/корисник.
Предмет на собирање се следните категории на лични податоци: име и презиме, компанија, телефон, е-пошта и во одреден случај, доколку се појави потреба за таков вид на податок, и адреса на живеење.
Со внесување на вашите податоци вие сте согласни дека истите можат да се користат за намената за која сте ги оставиле.
Собирање, обработка и безбедност на податоците при електронско плаќање
Податоците поврзани со вашата платежна картичка или вашата сметка во банка се испраќаат директно до банката преку шифрирана врска.
Податоците што ги внесувате за да извршите плаќање не се зачувуваат на нашите сервери.
Ние не ги собираме, ниту имаме право на пристап до податоците и информациите директно или индиректно поврзани со вашата картичка или трансакциска сметка во банката. Право на пристап и право да врши контрола на овие податоци има само банката во чија сопственост е платежната картичка.
Податоците и информациите директно се пренесуваат до банката преку безбедносен систем. Нам ни се достапни само вашето име и презиме, последните четири броеви од платежната картичка и сумата што сте ја платиле.
За начинот на плаќање одговара НЛБ Банка АД Скопје, која преку свое техничко решение ги процесуира трансакциите, во соработка со Интернационален картичен систем КаСис – сертифицирано од VISA и MasterCard за процесуирање на ваков вид на трансакции.
Како ги собираме личните податоци
Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:
- преку вашата посета и користење на нашата веб страна, вклучувајќи го и формуларот за контакт,
- преку е-пошта: contact@marketcomconsulting.com,
- по пат на поврзување со нашата веб страна преку социјалните мрежи.
Споделување на личните податоци со трети страни
Маркет Ком Консалтинг ДООЕЛ Скопје не ги открива вашите лични податоци на трети страни освен во случаи кога тоа е пропишано со закон.
Податоците ќе им бидат достапни исклучително на вработените кои се задолжени да оперираат со истите со цел навремено да ги извршуваат обврските во насока на задоволување на потребите на посетителите/корисниците, согласно добрите деловни практики.
Ние не споделуваме податоци за вас и/или за вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:
- Во случаи на ангажирање на даватели на услуги како обработувачи или соработка со друг контролор во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
- Извршување на техничка поддршка и администрирање на веб страната на МКК Менаџмент Академија и информациите кои што се обработуваат заради статистички цели, при вршење тестирања и сондажи за работата на веб страната, за нови содржини, нови обуки.
- Маркет Ком Консалтинг ДООЕЛ Скопје личните податоци и другите информации за корисникот може да им ги открие за обработка на трети лица на кои Маркет Ком Консалтинг ДООЕЛ Скопје им ја доделил изведбата на одредени услуги поврзани со веб страната МКК Менаџмент Академија. Овие податоци ќе бидат откриени и соодветно обработени само до одреден степен и во обем неопходен за да се изврши доделената работа. Соодветно на тоа, тие трети лица ќе дејствуваат како обработувачи на податоци во име на Маркет Ком Консалтинг ДООЕЛ Скопје.
- Обработувачите на податоци во целост ќе бидат запознаени со фактот дека информациите се предмет на Законот за заштита на личните податоци.
- Овие лица ќе бидат обврзани да ги обработуваат податоците само и единствено во согласност со инструкциите на Маркет Ком Консалтинг ДООЕЛ Скопје и ќе немаат право личните податоци на корисниците да ги користат или да ги обработуваат на кој било друг начин за други цели, освен за целите што се наведени во Општите правила и услови и оваа Политика.
- Во случаи кога вие сте дале согласност за споделување.
Директен маркетинг
Личните податоци кои се собираат и обработуваат преку веб страната www. marketcomconsulting.com може да се користат за директен маркетинг единствено врз основа на дадена согласност од страна на посетителите/корисниците чии податоци се собираат, обработуваат и чуваат.
Директен маркетинг претставува секој вид на комуникација остварена на било кој начин со цел испраќање на рекламен, маркетиншки или пропаганден материјал која е насочена директно до идентификувани посетители/корисници.
Маркет Ком Консалтинг ДООЕЛ Скопје спроведува директен маркетинг по пат на е-пошта, телефон и редовна пошта. Маркет Ком Консалтинг ДООЕЛ Скопје спроведува политика на избор за посетителите/корисниците, со која секој што сака да биде дел од директен маркетинг може при самата регистрација на профил на нашата веб страна (https://marketcomconsulting.com/users/register) да даде согласност или пак таквата согласност да ја даде по електронски пат, со пополнување на формуларот за контакт на нашата веб страна.
Согласноста за користење на личните податоци за цели на директен маркетинг се дава при регистрацијата на веб страната со избирање на опцијата: “Се согласувам на мојата адреса за е-пошта, да примам специјални понуди и попусти” или преку формуларот за контакт, со што дадената согласност се однесува исклучиво за целите на директен маркетинг за испраќање на известувања, маркетинг материјали, специјални понуди и попусти на вашата адреса за е-пошта, без притоа да се врзува ваквата согласност со губење на било кое друго ваше право во однос на услугите кои се обезбедуваат преку веб страната.
Следејќи ги одредбите на Законот за заштита на личните податоци, Маркет Ком Консалтинг ДООЕЛ Скопје, може во секое време да демонстрира дека е примена валидна согласност и дека води евиденција за тоа кој се согласил за користење на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг, во кој момент и на кој начин.
Деталите за посетителот/корисникот кој што ја повлекол согласноста за обработка и чување на неговите/нејзините лични податоци, ќе бидат целосно избришани од нашата база на податоци во најкраток можен рок, а најдоцна во рок од 10 работни дена по приемот на неговото/нејзиното барање.
Рекламни комуникации
При склучување деловен однос со Маркет Ком Консалтинг ДООЕЛ Скопје за користење на производи и услуги, ви нудиме можност да изберете дали сакате да добивате разни известувања и останата комуникација по пат на е-пошта од наша страна. Овие известувања може да содржат, на пример, податоци за најновите производи и услуги на веб страната на МКК Менаџмент Академијата.
Добивањето на рекламен материјал и известувања од страна на МКК Менаџмент Академија може да го откажете во секое време, доколку ни испратите електронска порака.
Повремено може да доставуваме важни информации во врска со производите и услугите на Маркет Ком Консалтинг ДООЕЛ Скопје кои ги користите или сте ги користеле. Овие известувања не спаѓаат во рекламни комуникации.
Заштита на вашите лични податоци и информации
Маркет Ком ДООЕЛ Скопје ги презема сите пропишани технички и организациони мерки за заштита на личните податоци, во насока на спречување неовластен пристап и нивна злоупотреба.
Нашите сигурносни процедури се предмет на редовни внатрешни и надоворешни контроли и технолошки подобрувања во оваа област.
При креирање на свој профил на нашата веб страна, ви препорачуваме да:
- не користите лесни лозинки (како единечни зборови од речник, датуми на раѓање, имиња и презимиња итн.),
- не користите иста лозинка за повеќе сметки,
- користите долги лозинки (најмалку 8 знаци, но се препорачуваат и подолги),
- користите лозинки кои содржат комбинација од големи и мали букви, броеви и специјални знаци, на пр. $%^& итн (користете генератор на лозинки),
- ги чувате лозинките на безбедно место (никогаш не ги запишувајте или споделувајте со никого) и редовно менувајте ги,
- редовно информирајте се за безбедносните препораки дадени од страна на веб заедницата која се занимава и е одговорна за развој на интернет обезбедување.
Политика за лица под 18 години
Веб страната на МКК менаџмент Академја не е наменета за лица под 18 години. МКК менаџмент Академја нема за цел да собира и обработува лични податоци за лица под 18 години. Доколку лице под 18 години ги доставило своите лични податоци без согласност на неговите родители и/или старатели, во тој случај тие треба веднаш да го известат Офицерот за заштита на лични податоци во Маркет Ком ДООЕЛ Скопје, Горан Ацевски на следната адреса за е-пошта: contact@marketcomconsulting.com.
Време на чување и бришење на собраните податоци
Маркет Ком ДООЕЛ Скопје во целост ги почитува и ги применува начелата поврзани со обработката на личните податоци предвидени во Законот за заштита на лични податоци, при што вашите лични податоци се обработуваат не подолго од она колку што е потребно за целите поради кои се обработуваат.
Податоците кои ги собираме и обработуваме се чуваат во согласност со временските рокови определени со закон, периодот потребен за постигнување на целта на обработката, утврдените рокови во интерните акти на компанијата, планот и листите согласно законските прописи за архивски материјал и списокот со рокови на чување на личните податоци на Маркет Ком Консалтинг ДООЕЛ Скопје.
Периодот на чување на личните податоци изнесува 10 години или подолго, согласно закон. Податоците базирани на доброволна согласност се чуваат се до повлекување на согласноста.
Доколку сте дале согласност, вашите лични податоци ќе бидат обработувани и чувани сè додека не ја повлечете согласноста. Кога ќе се исполни целта на обработката на личните податоци и изминат сите законски и интерни пропишани рокови, податоците ќе бидат избришани. Во случај на водење судски, административни или други постапки, личните податоци се чуваат сè до завршување на тие постапки.
Права на субјектот на личните податоци
Секој корисник има право на проверка и промена на оставените податоци на веб страната МКК менаџмент Академија.
Вашите права во однос на собирањето и обработката на личните податоци се:
- право да бидете информирани за обработката на личните податоци,
- право на пристап до личните податоци – имате право да добиете потврда за тоа дали се обработуваат вашите лични податоци, како и да добиете пристап до вашите лични податоци и дополнителни информации кои се однесуваат на обработката на личните податоци,
- право на исправка – доколку сметате дека било кои лични податоци кои ги собираме се неточни или нецелосни, имате право да побарате и добиете исправка на неточните податоци или дополнување на нецелосните лични податоци,
- право на бришење на личните податоци – имате право да побарате да се избришат вашите лични податоци, а ние тоа барање ќе го прифатиме доколку личните податоци повеќе не се потребни за исполнување на целите, доколку приговорите на обработката и не успееме да докажеме дека нашиот легитимен интерес е поголем од вашите основни слободи и права, и доколку личните податоци се обработуваат незаконски,
- право на повлекување на согласноста – имате право да ја повлечете дадената согласнос во секое време, без да се влијае на законитоста на обработката која била заснована на согласноста пред истата да биде повлечена,
- право на преносливост – имате право да ги добиете вашите лични податоци во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат при што имате право да ги пренесете тие податоци на друг контролор. При остварување на правото на преносливост, вие имате право да добиете директен пренос на личните податоци од еден контролор на друг, ако тоа е технички возможно.
- право на ограничување на обработката на личните податоци
- право на приговор – доколку сметате дека вашите лични податоци не се обработуваат во согласност со Законот, врз основа на конкретна ситуација поврзана со вас, имате право да поднесете приговор до нас како контролор. Ние ќе постапиме по вашиот приговор согласно Закон.
Доколку сметате дека обработката на вашите лични податоци не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци или истите се повредени, во тој случај можете да поднесете барање до надзорниот орган на Агенцијата за заштита на лични податоци. Барање: https://azlp.mk/wp-content/uploads/2022/09/baranje_za_utvrduvanje_na_prekrsuvanje_na_zzlp.docx
За дополнителни информации и/или остварување на вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на лични податоци, Горан Ацевски, на следната адреса за е-пошта: contact@marketcomconsulting.com.
Измени и дополнувања на Политиката за приватност
Политика за приватност може да се измени и/или дополни во било кое време, соодветно на настанатите промени во законската регулатива, деловното окружување и тековните активности на Маркет Ком Консалтинг ДООЕЛ Скопје, односно на веб страната МКК Менаџмент Академијата. Сите измени и дополни кои би имале влијание врз обработката на личните податоци ќе бидат правовремено објавени на нашата веб страна за ваше информирање.
Последна промена на ден 17.03.2023