Правила и услови за користење

Податоците и информациите објавени на нашата веб страна имаат информативен и комерцијален карактер и се сметаат за точни во времето на нивното објавување. Маркет Ком ДООЕЛ Скопје го задржува правото во секое време да изврши ревидирање, дополнување и/или измена на податоците и информациите, во целост или делумно, со цел обезбедување на континуирано ажурирање на веб страната.

Секој заинтересиран за некој производ или услуга од МКК Менаџмент Академија, претставени, односно објавени на оваа веб страна, може да ја контактира Маркет Ком ДООЕЛ Скопје за добивање понатамошни информации поврзани со условите и трошоците за соодветниот производ, односно услуга.

Заштита на авторските права и правата од индустриска сопственост

Сите содржини поставени на веб страната МКК Менаџмент Академија претставуваат ексклузивно право на Маркет Ком ДООЕЛ Скопје и можат да се користат со исклучително одобрение на носителот на авторското право или субјектот на правото од индустриска сопственост.

Веб страната МКК Менаџмент Академија, претставува трговска марка, интелектуална и материјална сопственост на Маркет Ком Консалтинг ДООЕЛ Скопје и истите се заштитени со авторски права, заштитни знаци и ознаки на услуги, патенти и други сопственички права.

Се забранува копирање, репродукција, модифицирање, пренесување, дистрибуирање или користење на податоците и информациите објавени на веб страната, како и други изведби на содржините, без претходно писмено одобрение од страна на Маркет Ком ДООЕЛ Скопје.

Секој неовластен влез, нарушување, измена или злоупотреба на веб страната на МКК Менаџмент Академија и нејзините содржини е казниво согласно Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

Какво било кршење на овие правила и услови, што може да има како последица повреда на кое било авторско право или право од индустриска сопственост претставува основ за преземање правни дејствија од страна на Маркет Ком ДООЕЛ Скопје против сторителот.

Одговорност

Со користењето на оваа веб страна, посетителот/корисникот е согласен да ги почитува овие Правила и услови, позитивната законска регулатива, како и да се однесува според прифатливите етички и морални принципи на Република Северна Македонија.

Посетителот/Корисникот потврдува дека која било содржина од веб страната нема да ја користи во незаконски цели, ниту пак за сопствено промовирање.

Посетителот/Корисникот се согласува и потврдува дека нема да поставува или пренесува какви било содржини од веб страната, со што на било кој начин би извршил прекршување на овие Правила и услови, позитивната законска регулатива, прифатливите етички и морални принципи во Република Северна Македонија, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на повреда на авторските права, повреда на права од индустриска сопственост, поттикнување нетрпеливост, дискриминација, клевета, омаловажување, нарушување на приватноста, достоинството и угледот на Маркет Ком ДООЕЛ Скопје и на трети лица.

Користењето на сите содржини на МКК Менаџмент Академија е на сопствена одговорност на посетителот/корисникот и Маркет Ком ДООЕЛ Скопје не може да се смета за одговорен за било какви штети настанати од користење на истите.

Маркет Ком ДООЕЛ Скопје ќе го смета посетителот/корисникот за одговорен за каква било штета настаната поради негово однесување кое е спротивно на овие Правила и услови, позитивната законска регулатива во Република Северна Македонија, морал и етика или штета настаната како последица на злоупотреба на одреден вид на содржина преземена од Маркет Ком ДООЕЛ Скопје и ќе ги преземе сите правни дејствија за надоместување на причинетата штета.

Маркет Ком ДООЕЛ Скопје го задржува правото во било кое време, без претходна најава, да ги менува овие ,,Правила и услови‘‘ и да ги објави промените на својата веб страна.

Исклучување од одговорност

Маркет Ком ДООЕЛ Скопје не презема одговорност за евентуални загуби или штети кои би можеле да настанат при посета и користење на податоците и информациите од веб страната, како што се губење информација, штета на услуга, софтвер и слично.

Доколку на веб страната на МКК Менаџмент Академија се најдат/наоѓаат линкови што водат до други веб страни, во тој случај Маркет Ком ДООЕЛ Скопје нема никаква одговорност за содржините што се објавени и се сопственост на други веб страни.

Поврзаните локации не се во надлежност ниту се под контрола на Маркет Ком ДООЕЛ Скопје и затоа Друштвото се иззема од одговорноста за содржините на која било поврзана локација или која било измена или ажурирање на истата. Вклучувањето на кој било линк/врска не повлекува и поддршка на таквите локации од страна на Маркет Ком ДООЕЛ Скопје.

Прифаќање на условите

Со користењето на нашата веб страна и запознавањето со ,,Политиката за приватност‘‘, вие се согласувате, односно, ги прифаќате одредбите во ,,Политиката за приватност‘‘ на Маркет Ком ДООЕЛ Скопје за начинот на обезбедување на производите и услугите на МКК Менаџмент Академија, преку формите за комуникација достапни на нашата веб страна.

Доколку не се согласувате со истата, ве молиме да не ја користите нашата веб страна.

Коментари и сугестии

Сите ваши коментари и сугестии поврзани со веб страната на МКК Менаџмент Академија и нејзината содржина можете да ги испратите на нашата адреса за е-пошта: contact@marketcomconsulting.com

Последна промена на ден 17.03.2023

Scroll to Top