Моќта на лидерството: Зошто добрите менаџери имаат успешни тимови

6 Mokta na liderstvoto - Zosto dobrite menadzeri imaat uspesni timovi

Тимовите се клучна компонента на организациите без чии резултати успехот на секоја организација е невозможен. Успешните тимови се способни на време да се справат со предизвиците и да ја одржат ефикасноста во остварување на целите.

Многу студии укажуваат дека успехот на секој тим најмногу зависи од способноста на менаџментот зашто менаџерот ги делегира целите, ги дава потребните насоки и ги обезбедува потребните ресурси. Од друга страна, неспособноста на менаџерот да управува со тимот предизвикува неуспех, намалена мотивација за работа, ниска продуктивност и немање капацитет за напредок.

Некомпетентно управување

Некомпетентниот менаџер има слаби управувачки вештини, недостиг од јасна визија и насока, и неспособност за ефикасно управување со предизвиците со кои се соочува тимот. Слабите вештини на лидерот создаваат нејаснотии, недоразбирања и недостиг на мотивација кај тимот. Неспособноста на тим лидерот ефикасно да управува со недоразбирањата и конфликтите, пак, создава токсична работна атмосфера и ниска продуктивност.

Друг фактор што предизвикува неуспех на тимот поради нестручното управување е недостигот од ресурси. Тимот може да се соочува со недостиг од финансиски средства, недоволен број на членови во тимот, или недостиг од опрема и технологија, што предизвикува промашување на целите, одложување на плановите, фрустрации и незадоволство кај тимот.

Недостигот од соодветна обука, повратни информации или оддавање признание за трудот и постигнувањата на тимот предизвикуваат ниска мотивација и ги намалуваат вкупните резултати на тимот.

Ефективно управување

Ефективниот менаџер има клучна улога во успехот на тимот преку обезбедување на јасни насоки, ефикасно управување со предизвиците и со безбедување на поддршка за тимот. Кога менаџерот е ефикасен, тимот покажува зголемена мотивација, продуктивност и резултати.

Јасни насоки

Ефективните менаџери им даваат јасни насоки на нивните тимови поставувајќи реалистични цели и очекувања. Тие едноставно и јасно им ги пренесуваат стратешката визија и целите на тимот и се грижат секој член на тимот да изгради разбирање за задачите и целите. Ваквата јасност им помага на членовите на тимот да ја разберат сопствената улога во работењето на тимот и како тие лично придонесуваат во вкупниот резултат на тимот. Овој стил на управување им помага на членовите на тимот да поставуваат точни приоритети за нивните задачи и да се фокусираат на она што е најважно за тимскиот резултат.

Управување со конфликти

Ефективните менаџери вешто управуваат со недоразбирањата и конфликтите кои природно се јавуваат во текот на работата. Таквите лидери имаат развиени вештини да посредуваат во спорови и да ги решават несогласувањата изразувајќи почит кон секој член во тимот и прифаќање на различните мислења како шанса за подобрување на комуникацијата и на резултатите на тимот. Таквите менаџери создаваат позитивна работна средина поттикнувајќи отворена комуникација заснована на взаемна почит во тимот и поттикнување на тимскиот дух и соработка. Сето ова води до намалување на стресот и нервозата на работното место, што резултира со зголемена мотивација и продуктивна работна средина.

Обезбедување на поддршка и ресурси

Ефективните менаџери обезбедуваат поддршка и ресурси за членовите на тимот помагајќи им ефикасно да ја вршат нивната работа. Тоа вклучува давање на повратни информации, признанија за успесите и можности за обука и развој на вештините на тимот. Ефективните менаџери, исто така, гарантираат дека тимот ги има потребните ресурси за да ги постигне зададените цели. Кога членовите на тимот се чувствуваат поддржани и ги имаат средствата што им се потребни, тие се помотивирани и попродуктивни, што создава успех за целиот тим.

Многу студии за тимската работа покажуваат дека тимовите со кои управуваат ефективни, вешти тим лидери имаат посилен капацитет да ги остварат целите и да бидат успешни. Нашите обуки ви помагаат да ги развиете вештините за управување со тимови и да бидете успешни.

МКК Менаџмент Академија • 10 март 2023 година

Не го одложувајте успехот: Сè што треба да знаете за управувањето со времето
Од менаџер до извршен директор: Како нашите обуки му помогнаа на Петар да напредува во кариерата

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top