Секој лидер треба да знае

12-sekoj-lider-treba-da-znae-975x650

Овие совети ќе ви помогнат да размислите за тоа каков е вашиот стил на управување, но и ќе ве инспирираат да ги подобрите вашите лидерски вештини.

Користете ги можностите

„Успешните лидери гледаат можности во секој проблем, а не проблеми во секоја можност. Вистинските лидери ги зајакнуваат своите идеи и планови со стратешки партнерства, сојузи и поддршка од јавноста.“

Рид Маркам, едукатор и консултант

Имајте јасна визија и споделувајте ја со вашиот тим

„Треба да знаете како изгледа вашата иднина, каков впечаток остава, каква е нејзината динамика. Визијата треба да биде неодолива, да ги инспирира и насочува луѓето. Придржувајте се до сликата за таа визија како веќе да се остварила. Проектирајте во иднината за да можете јасно да ја видите. Споделете ја со вашиот тим за да можат и вашите вработени да ја видат и направете се’ што е потребно за таа да се оствари“.

Брајан Скудамор, основач и извршен директор на меѓународната франшиза за отстранување ѓубре 1-800-GOT-JUNK?

Вклучете ги вработените во вашата визија

„Бидете колку што е можно потранспарентни со членовите на вашиот тим. Колку повеќе знаат, толку повеќе ќе споделувате ист сон и визија и како тим повеќе ќе настојувате да стигнете таму каде што сакате да бидете. Ако криете информации од членовите на вашиот тим, тие ќе ја изгубат довербата во вас и ќе почнат да се чувствуваат како да не придонесуваат во поширок контекст. Тогаш тие почнуваат да бараат други работни места каде што ќе бидат почитувани“.

Џон Хингли, ко-основач на Дашеру старт-ап

Не се врти се‘ околу вас

„Повторувајте ги зборовите: ,,Не се врти се’ околу мене!’’ – секој ден, повеќе пати на ден. Не го сведувајте вашето лидерство на тоа секогаш да бидете главни, во право, да бидете унапредени или да изгледате најдобро. Вашето водство нека биде мисија на организацијата која им служи на вистинските потреби на луѓето што ги водите и без да се сфаќате премногу сериозно. На тој начин ќе имате луѓе кои чекаат во редот за да работат за вас и со вас, а резултатите ќе бидат остварени“.

Еф Хармон, автор на книгата ,,Анатомијата на принципиелниот лидер’’ и основач на Бриленс Бинг тренинг и консалтинг

Ценете го минатото, градете ја иднината

„Кога водите нов тим или се придружувате на нова организација го цените минатото на новиот тим или организација, а потоа го премостувате тоа искуство со иднината. Голем број на менаџери добиваат подготвени тимови и потоа сакаат да им кажат на сите колку биле успешни во минатото или колку е добар нивниот претходен тим или организација. Кога менаџерите не го ценат нивниот нов тим, членовите на тимот започнуваат меѓусебно да си поставуваат прашања: ,,Ако вашата претходна организација или тим биле толку добри зошто тогаш ги оставивте? Ако вашата стара организација е толку добра, зошто не се вратите таму?“

Питер Барон Старк, консултант, говорник и автор

Маркет Ком Консалтинг • 25 ноември 2019 година

Поврзани тренинг програми:

Основи на менаџмент
Лидерство
Развивање на лидери
Како да ја подобрите деловната перформанса
Како да ја подобрите перформансата на вработените
Мотивирање и наградување на вработените
Развој на човечките ресурси
Тимска работа
Емоционална интелигенција
Обука за обучувачи
Како да дизајнираш и спроведеш обука за твоите вработени
Коучинг на вработени
Коучинг вештини за менаџери и лидери

Како до поефтини кредити
Социјален маркетинг - Да се биде присутен еден за друг

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *