Управување со деловни процеси

2-upravuvanje-so-delovni-procesi-900x600

Без оглед дали започнувате кариера во управувањето со бизнис процесите или го работите тоа одредено време, направете го дизајнот на процесите беспрекорен, а вработените кои ги вклучувате во процесите да ги поседуваат вистинските вештини и алатки што се критични за успехот.

За да биде успешен, да ги зголеми ефикасноста, продуктивноста и резултатите, да ги намали трошоците и да иновира, бизнисот зависи, меѓу другото, и од деловните процеси и од начинот на кој тие се структурирани и управувани. Вработените дизајнираат деловни процеси, или учествуваат во процеси дизајнирани од нивни колеги и претпоставени, со цел да се остварат поставени цели.

Зошто е важно како се креирани деловните процеси

Еден бизнис процес вклучува голем број на активности што се одвиваат според одреден редослед и имаат за цел да остварат конкретни задачи и резултати. Ако дизајнот на деловните процеси е лош, целите и резултатите не можат да се остварат. Исто така, ако има преголем број чекори во процесот или во некој негов дел, ако има мал број на чекори или воопшто ги нема иако се потребни, или, пак, кога се нарушува редоследот на дејствата и засегнатите страни, тогаш луѓето не успеваат да ги постигнат поставените цели и задачи, а бизнисот губи.  

Ова се клучните предизвици во управувањето со деловните процеси што треба да ги совладаат вработените, а особено менаџерите кои се одговорни да ги дизајнираат, одобруваат и управуваат со успех.

Одлична обука за предизвикот

Нашата тренинг програма ,,Управување со деловни процеси‘‘ е рецепт за инстантно подобрување на тоа што ќе одлучите да го смените и подобрите. Таа му помага на бизнисот помагајќи им на менаџментот и на вработените да научат и применат практични методи и алатки за да ги отстранат неуспесите и успешно да ги остварат целите. Обуката ви помага:

  • Да ги разберете различните текови на работата и технологиите за управување со деловните процеси во организацијата,
  • Да научите да цртате мапи за да ги претставите тековите на деловните процеси,
  • Да испитувате различни процеси и да ги идентификувате потребите од подобрување,
  • Да научите како да градите ефикасни и ефективни модели на деловни процеси од планирање до спроведување,
  • Да планирате и воведувате подобрувања на деловните процеси насекаде низ организацијата,
  • Да штедите, да работите квалитетно и да правите повеќе пари.

Побарајте  состанок, консултации и понуда овде.

Од тренинг програмата: Управување со деловни процеси

Маркет Ком Консалтинг • 14 март 2018 година

Планирање - тајната на успехот
Емоционална интелигенција - Позитивни емоции

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *